Охрид центар каматаран Охридско Езеро стар дел Охрид Самуилова тврдина
Охрид, 9. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Константно се бележи раст на водостојот на Охридското Езеро, но и понатаму е под просечниот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото е на кота од 693,48 м.н.в што е за 17 сантиметри под просекот за овој месец (693,65 м.н.в) и 38 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 21 степен и е за 1,4 степени повисока од просекот.

Од почетоков на месецов езерското ниво е покачено за два сантиметри. Колку за споредба, во овој период минатата година водостојот беше за 8 сантиметри над месечниот просек, а хидролошката состојба подолг период наназад беше на задоволително ниво.
Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29. степени.
– Денеска ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Од утре до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без промени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР
