November 19, 2016

Белград, 19. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека во случај Косово да стане членка на УНЕСКО, тој ќе предложи прекин на преговорите со Приштина.

– Незамисливо е т.н. Косово да биде во УНЕСКО без преговори во Брисел. Во случај на таков резултат од гласањето во Генералното собрание на УНЕСКО, ќе предложам да ги прекинеме разговорите со Приштина, а на својот народ да му помогнеме и овозможиме да живее подобро од сега, и на Косово и Метохија, и во останатиот дел на Србија, изјави Николиќ.

Според него, лицемерно е од некои држави да инсистираат на дијалог меѓу Белград и Приштина, кој треба да доведе до конечно решение, а истовремено да вршат притисок врз сите држави кои не ја признале независноста да го направат тоа, а дотогаш да му овозможат членство на Косово во меѓународните организации. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива