Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Обвинителство бара продолжување на краткотрајниот притвор за уште 48 часа за 16 лица за пожарот во Кочани, вчера се притворени уште две лица

Обвинителство бара продолжување на краткотрајниот притвор за уште 48 часа за 16 лица за пожарот во Кочани, вчера се притворени уште две лица

1 min read

Кочани, 19. март 2025 (ИНПРЕС) – Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. Вчера им изречен краткотраен притвор уште на две лица.

Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање докази за формално очнување на истрагата.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае.

Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а повредени се повеќе од 150. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous Приведен сопственик на ноќен клуб во Куманово, полицијата го затекнала како внесува ПП-апарати и пронашла пиротехника во локалот
Next Охридски боксери од клубот „Алексо Огненоски“ ќе учествуваат на Open Balkan Kup во Крушевац, Србија

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.