Скопје/Охрид, 17. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември, информираат од Владата.
Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари.
– Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки. Ја развиваме соработката со реалниот сектор со вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки, соопштија од Владата.
Додаваат дека на овој начин се создаваат кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите, со што се намалува
невработеноста, но и се стимулираат младите да ги усовршат практични вештини со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
