Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од недела започнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Од недела започнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

1 min read
Од недела започнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“

Охрид, 22. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Од недела, 26-ти октомври почнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Истиот ќе трае до 28-ми март 2026 година.

Со новиот зимски распоред охридскиот аеродром ќе има 5 дестинации со 3 авиокомпании. Ќе се лета до Цирих, Базел, Дортмунд, Виена и Меминген.

ТАВ Македонија најави 10 нови дестинации од македонските аеродроми за претстојната зимска сезона. Од Охрид ќе се лета кон Базел од 27-ми октомври и до Милано, почнувајќи од 30 март 2026 година.

Со новиот зимски распоред, Меѓународниот аеродром Скопје ќе понуди 49 редовни и 13 чартер дестинации, опслужувани од 17 авиокомпании, додека охридскиот аеродром ќе има 5 дестинации со 3 авиокомпании.

Во првите девет месеци од 2025 година, двата аеродрома имаат обработено 2.585.096 патници, што е раст од 6% во споредба со истиот период лани. Скопје бележи раст од 5,4%, додека Охрид импресивни 16,2%.

Најфреквентна дестинација останува Истанбул, а меѓу водечките земји по број на патници се Турција, Германија, Швајцарија, Италија и Австрија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Распишан конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година
Next Базар на традиционална и здрава храна во ОУ „Братство Единство“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.