Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од утре до вторник прво пријавување за упис во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

Од утре до вторник прво пријавување за упис во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

1 min read
Од утре до вторник прво пријавување за упис во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

СОСУ Св Кирил и Методиј Орхид Економско средно училиште

Охрид, 13. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Од утре до вторник ќе се спроведе првото електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта.

Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни.

Пријавувањето ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август.

Согласно објавениот конкурс за упис во средните училишта во учебната 2025/2026 година, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 783 полуматуранти.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 204 места за идните средношколци.

Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 143 ученици од кои 109 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 286 слободни места, во 10 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање.

Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 150 ученици во 6 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки кои се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Детската претстава „Пинокио“ вечерва на сцената кај ТЦ „Амам“
Next Уште утре пријавување за 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.