Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од 14-ти до 17-ти јуни прво пријавување за упис во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

Од 14-ти до 17-ти јуни прво пријавување за упис во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

1 min read

Охрид, 10. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Неделава започнуваат уписите во средните училишта.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август.

Согласно објавениот конкурс за упис во средните училишта во учебната 2025/2026 година, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 783 полуматуранти.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 204 места за идните средношколци.


Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 143 ученици од кои 109 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 286 слободни места, во 10 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање.

Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 150 ученици во 6 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки кои се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Поради интервенција можен намален притисок во водоснабдувањето во градот и околината
Next Презентација на прирачник и онлајн курсеви за наставници и тренери „Улогата на образованието и наставниците во решавање на проблемите на животната средина“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.