November 2, 2016

Приштина, 2. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Српските власти го пуштија од притвор полицискиот началник за регионот на Косовска Митровица, Нехат Тачи, кој во притвор мина 30 дена.

Тачи во Косово влезе прeку преминот Мердаре, каде покрај од граѓани беше пречекан и од шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај.

Тој се заблагодари на институциите на Косово за неговото ослободување.

Нехат Тачи беше уапсен на 29 септември на граничниот премин „Бела земја“ а по два дена му беше одредена мерка привор во траење од 30 дена. Министерот Хоџај изјави дека Тачи бил задржан во Србија неправедно. (Крај)

извор: МИА фото: архива