Охрид, 17. март 2025 (ИНПРЕС) – Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани и нивните семејства, Центарот за култура, Народен театар Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажаа настаните планирани за оваа недела.
– Поради големата трагедијата што се случи во Кочани, НУЦК „Григор Прличев” – Охрид и Народен Театар Охрид, ги откажува сите планирани настани во текот на неделата што следи, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства, информираат оттаму.
– Во мое име и во име на сите вработени во нашата установа изразувам длабоко сочувство до семејствата кои се борат со загубата на своите најблиски во пожарот во Кочани а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, изјави Христина Трпеска, в.д директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива