Охрид се поклони во чест на Христо Узунов
April 24, 2025

Охрид, 24. април 2025 (ИНПРЕС) – Свеченостите по повод одбележување на 120 години од смртта на Христо Узунов продoлжија и денес.

Утрово делегација на општината положи свежо цвеќе пред неговата спомен биста во градскиот парк. По традиција претставници од Општина Охрид го посетија вечното почивалиште на Христо Узунов во селото Цер, кичевско каде пред повеќе од еден век се случи херојската погибија.

Во рамки на одбележување на јубилејот – 120 години од смртта на Узунов вчера се одржа свечена академија, а со приредба основното училиште што го носи неговото име го одбележа патрониот празник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива