Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пецаков: Градот не смее да застане, новата изборна програма е со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид

Пецаков: Градот не смее да застане, новата изборна програма е со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид

1 min read
Пецаков: Градот не смее да застане, новата изборна програма е со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид

Охрид, 3. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Горд сум на сѐ што успеавме да реализираме. Нашата работа се гледа во секое поле, што придонесе за поквалитетен живот на сите охриѓани, рече на првата прес конференција во кампањата за претстојните локални избори кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ Кирил Пецаков.

Нашата мисија не завршува тука. Ова е само почеток, а пред нас стојат нови предизвици и уште поголеми цели. Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство, рече Пецаков.

– Во програмата, голем дел од нашата енергија е посветен на изградба на современа општинска инфраструктура. Планираме:
Реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на уште една катна гаража и на Младински културен центар. Уредување на кејот во Пештани и на градскиот пазар. Проекти за канализација и патишта во Трпејца, Долно Лакочереј, Орман, Чекоштина и други населени места. Инвестиции во училиштата и детските градинки, вклучувајќи и поставување фотоволтаици за енергетска ефикасност. Ќе го воведеме Охрид во дигитална ера. Ќе ги дигитализираме јавните услуги и ќе ја зголемиме транспарентноста. Ќе воведеме QR-кодови за документи, плаќање такси преку СМС и дигитализација на седниците на советот. Граѓаните ќе може електронски да ги поднесуваат барањата и да го следат статусот на своите предмети. Ќе ја поддржуваме локалната економија со поддршка на малите бизниси и занаетчиството, како и со привлекување странски инвестиции. Ќе формираме локален иновациски фонд за млади претприемачи. Нашата цел е чиста, зелена и енергетски ефикасна општина, за што веќе Советот на општина Охрид ја изгласа физибилити студија, истакна Пецаков.

Потенцира дека ќе продолжат редовните акции за чистење на езерскиот брег, поставување модерни корпи за селекција на отпад и засадување нови дрвја. Ќе се работи на заштита на езерото преку строга контрола на отпадните води и ќе се субвенционираат граѓаните за соларни панели. Во областа на туризмот, Охрид ќе биде промовиран како одржлива и инклузивна дестинација, ќе се изработи Стратегија за туризам 2025-2030, со фокус на еко, културен и авантуристички туризам.

– Културата е срцето на Охрид, па затоа планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Ќе ја поддржуваме традицијата, и покрај постоечките Вино фест, Охрид Ватер Фестивал, Џез фестивал, како и Коктел фест, ќе воведуваме и нови настани, како Охридски џез фестивал со интернационална вечер и Фестивал на креативни индустрии, вели Пецаков.
Додаде дека програмата е посветена на сите сограѓани со цел да се направи Охрид уште подобар за живеење. Охрид не смее да застане. Охрид мора да продолжи да се развива. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утревечер концерт на Здружението на слепи лица Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица
Next Божиновски: Со чесност, работа и истрајност да продолжиме да го градиме Охрид

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.