Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пејчиновски: Бронзениот медал освоен во родниот Охрид го доживувам како најголем успех во мојата кариера

Пејчиновски: Бронзениот медал освоен во родниот Охрид го доживувам како најголем успех во мојата кариера

1 min read
Пејчиновски: Бронзениот медал освоен во родниот Охрид го доживувам како најголем успех во мојата кариера

Охрид, 18. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Третото место и освоениот бронзен медал на првиот турнир од новата сезона на Adriatic Teqball League (ATL) ги доживувам како најголем успех во мојата кариера, особено што го остварив во мојот роден град, вели за Супер радио и InPress еден од нашите најдобри текери, македонскиот репрезентативец, охриѓанецот Димитар Пејчиновски.

– Ако се земе предвид дека на турнирот учествуваа играчи од светскиот врв со освоени медали на светски првенства, лично, ова трето место го доживувам како најголем успех во мојата кариера и многу сум среќен што ваков успех остварив во мојот град. Голема благодарност до домашната публика, до моите роднини, пријатели кои го следеа турнирот, со нивната поддршка сѐ беше полесно, вели Пејчиновски.

На турнирот имаше вкупно 26 натпреварувачи, од Македонија, Србија, Црна Гора, Унгарија, Романија, Полска, Грција, Русија, Белорусија, Украина, Португалија. Најдобар беше Марек Поквап од Полска во синглови, а во дубл текбол клуб „Лиман“ од Србија.

Пејчиновски вели дека со турнирот во Охрид за него заврши првата фаза од сезоната. Следниот месец ќе се натпреварува во Бар, Црна Гора, а за учества на други турнири сѐ ќе зависи од финансиските можности.

– Од февруари настапив во Унгарија, Кина, Шпанија и сега во Охрид, освоив два трета места и презадоволен сум поради тоа. Во план е сега да се одморам, па потоа ќе се натпреварувам во Бар. За понатаму ќе размислам, има турнири во Шпанија, Португалија, Унгарија, Романија… најавена е светска серија во Азија, па е прашање поради финансиски услови на кои турнири ќе можам да патувам и да се натпреварувам, додаде Пејчиновски.

Потенцира дека квалитетот го покажал и докажал, но потребна е поголема помош за да може целосно да се посвети на тренинзи и да се обиде да им парира на играчи како Поквап, Митро, Маројевиќ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започнува јубилејниот 50 -ти турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
Next Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега пријавени над 270 натпреварувачи од 8 земји

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.