November 28, 2016

Атина, 28. ноември 2016 (ИНПРЕС) – Едно лице загина во поплава на грчкиот остров Закинтос, предизвикана од поројни дождови што ја зафатија цела Грција.

Загинатиот бил во својот автомобил во клисура, кога возилото го зафатила надојдена вода. Неговото тело било пронајдено три километри подалеку од возилото кое било лоцирано неколку часа претходно.

Во Атина, противпожарна служба примила околу 300 повици за помалку од 24 часа за испумпување поплавени подруми и магацини, додека властите се обидуваа да го вратат во нормала сообраќајот на главните патишта. (Крај)

извор: МИА фото: архива