Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнува изборот на наследникот на Фрањо, со векови не се случило новиот папа да се избере на првиот ден на конклавата

Почнува изборот на наследникот на Фрањо, со векови не се случило новиот папа да се избере на првиот ден на конклавата

Почнува изборот на наследникот на Фрањо, со векови не се случило новиот папа да се избере на првиот ден на конклавата

Ватикан, 7. мај 2025 (ИНПРЕС) – Римокатоличките кардинали денеска попладне ќе ја започнат мисијата за избор на новиот папа, изолирајќи се од светот додека не го изберат човекот за кој се надеваат дека може да ја обедини разновидната, но поделена црква.

Во процес кој датира од средновековно време, кардиналите ќе се пријават во Систинската капела во Ватикан по јавната миса во базиликата „Свети Петар“ и ќе ја започнат тајната конклава за избор на наследникот на папата Фрањо, кој почина минатиот месец.

Во конкуренција за нов папа се 135 кардинали на возраст до 80 години, кои доаѓаат од 71 држава од целиот свет, со што ова ќе биде географски најразновидната конклава во историјата. Денеска ќе има едно гласање, а најмногу може да се гласа четирипати во еден ден. За да се избере новиот папа, потребно е двотретинско мнозинство.

Во изминатите неколку века не се случило папа да биде избран на првиот ден од конклавата, со што гласањето може да трае со денови. Дали кардиналите избрале нов папа или не, светот ќе дознава преку специјално поставениот оџак на покривот на капелата. Црн чад значи дека гласањето било неодлучено, а бел чад дека Ватикан има нов поглавар. Конклавата која доведе до изборот на папата Фрањо во 2013 траеше два дена.

Досега не се издвоил јасен фаворит за нов папа, но најголеми шанси им се даваат на италијанскиот кардинал Пјетро Паролин и на Филипинецот Луис Антонио Тагле. Најмногу електори има Италија – 17, па следуваат САД со 10, Бразил со седум и Франција и Шпанија со по пет.

Ватиканските техничари во изминатите денови се погрижија конклавата да се претвори во бункер, па она што се случува во Систинската капела да остане таму. Кардиналите ќе престојуваат во резиденцијата „Санта Марија“ со 130 соби и во нејзините придружни простории, а мобилните телефони се забранети. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous „Генералка викенд“ во Охрид на 9-ти и 10-ти мај
Next Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 6 литри дожд на м²

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.