Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Празникот Св.Јован Владимир свечено одбележан во струшко Подгорци, во единствената црква во земјава посветена на овој светец

Празникот Св.Јован Владимир свечено одбележан во струшко Подгорци, во единствената црква во земјава посветена на овој светец

1 min read
Празникот Св.Јован Владимир свечено одбележан во струшко Подгорци, во единствената црква во земјава посветена на овој светец

Подгорци, 4. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Празникот Св.Јован Владимир свечено одбележан во струшкото село Подгорци, во единствената црква во земјава посветена на овој светец.

Денес навршуваат 100 години од првото осветување на црквата и 1 010 од упокојувањето на Св.Јован Владимир. Минатата година на денешен ден црквата беше преосветена.

Бројни верници присуствуваа на денешната празничната богослужба, запалија свеќи и се помолија за здравје,среќа и благосостојба.

Овој свет храм е изграден по иницијатива на мештаните од село Подгорци на старо вакавско место. Почнат е со градба 1924 година, завршен една година подоцна во 1925 и истата година е осветен. Храмот е во правоаголна едноставна форма со апсида напред, но тогаш не е фрескоживописан. Сега по 100 години од неговата градба, се фрескоживописа и плени со својата велелепност. Уреден е и просторот околу самата црква.

Јован Владимир бил кнез, владетел на Дукља, кој во еден период бил заробен од Цар Самоил. Во затворот во Преспа го сретнала ќерката на цар Самоил и се вљубила во него и тој му станува зет. Но, трагично му завршува животот по распаѓањето на Самоиловото царство. Така завршува неговиот овоземен живот, но станува светител и го продолжува животот во царството небесно

Сегашната конструкција на црквата е започната во 2021 година, со заложби и со донација на Владо Пупиноски, а со помош на Иницијативниот и на Црковниот одбор од селото. Храмот е целосно фрескоживописан од зографот Тони Милцов, а реставрацијата на иконостасот е дело на Перо Шутиноски. Поставен е и нов мермерен под и нов престол.

Култот кон Св.Јован Владимир е доста раширен кај жителите на Подгорци и околните места, но и во западна Македонија. И во минатото, традиционално, на 4-ти јуни се собирал народот на т.н. софри. Секоја фамилија си имала свој дел околу црквата каде што се собирала и организирала ручек. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Жанко ЗШ Голабоски

Post navigation

Previous Средба на полициски службеници со жители од селата во Дебрца за заштита на шумите од пожари
Next Петок, 6-ти јуни, ден пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.