Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Предлог – законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР – отворена јавна расправа пред негово усвојување

Предлог – законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР – отворена јавна расправа пред негово усвојување

1 min read

Скопје, 12. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување, информираат од министерството за здравство.

Целта на новите законски измени е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.

– Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Од министерството додаваат дека со овој закон се испраќа јасна порака дека здравјето е повисока вредност од било кој комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор.

Потенцираат дека законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација.

Предлог-законот за заштита од пушење се очекува да стапи во сила на 1-ви март. Меѓудругото предвидува целосна забрана за пушење во јавни и работни простории, ограничувања за рекламирање и промоција на тутунски и никотински производи, а тука се и високите парични казни за непочитување на одредбите.

Како и за секое законско решение така и овде најважна е доследната примена на пропишаните одредби од страна на сите засегнати страни. Во спротивно ќе остане само збирка од зборови на хартија.

Граѓаните со поделени мислења, некои го поддржуваат, за некои пак е рестриктивен и дискриминирачки. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во 2025 година бележи пораст од високи 20%, дневно патувале 767 патници
Next Нуркачите од центарот „Амфора“ традиционално кај Музејот на вода го „запалија“ василичарскиот оган под вода

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.