Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Премиера на претставата „Хелверовата ноќ“ во понеделник во Охрид

Премиера на претставата „Хелверовата ноќ“ во понеделник во Охрид

1 min read
Премиера на претставата „Хелверовата ноќ“ во понеделник во Охрид

Охрид, 14. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Во понеделник, 17-ти ноември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата  „Хелверовата ноќ“.

Претставата е во режија на Александар Јовановски, играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ, а е во продукција на ЗУКЦ „Медиа артес“ Охрид.

Базирана на истоимената драма на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч) напишана во 1999 година, претставата на суптилен и потресен начин ја прикажува чудната врска помеѓу мајка и посинок – млад човек со посебни потреби.

– Преку слоевитиот однос мајка-дете, старател-штитеник, брат-сестра, маж-жена, џелат-жртва, авторот гради интимна приказна за две различни суштества кои се обидуваат да најдат смисла и сигурност во свет кој секоја „различност“ ја дочекува со насилство и осуда. Во атмосферата на тоталитарниот, фашистички занес од 1930-тите, „Хелверовата ноќ“ ја разоткрива трагичната судбина на оние кои не припаѓаат на мнозинството – оние за кои едноставно нема место во таков свет, велат од продукцијата.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а цената на билетот е 400 денари. Карти во продажба на билетарата на Центарот, секој работен ден од 10:00 до 17.00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведба на претставата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва изведба на детската претстава „Чувари на улицата“
Next Од утре на сила задолжителното поседување зимска опрема во возилата

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.