Расказот „Мизенабим“ најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“
August 8, 2025

Охрид, 8. август 2025 (ИНПРЕС) – Расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела”е прогласен за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“.

На конкурсот пристигнале вкупно 69 раскази.

– Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај истакна дека наградениот расказ се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе, информираат од Општина Охрид.

Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до понеделник, 11-ти август да се јави во Одделението за култура при Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок од литературното дело.

Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13-ти август во село Велгошти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива