Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Рекордни 57 агенции пријавени за BalCannes ревијата

Рекордни 57 агенции пријавени за BalCannes ревијата

1 min read

Загреб, 20. септември 2016 (ИНПРЕС) – Рекордни 57 агенции од 5 земји од Регионот ги пријавија своите најдобри проекти на BalCannes, регионалната ревија за рекламни агенции.

Дури 125 референтни агенциски проекти во текот на оваа недела ќе бидат разгледувани од страна на жири – комисија составена од истакнати професионалци од областа на маркетингот и односите со јавност, кои во текот на двата круга на евалуација ќе ги изберат 25те најдобри проекти. Оваа година, за прв пат на BalCannes, жирито ќе ги доделува наградите, а помеѓу нив и оние најважните, за најдобра агенција и најдобар проект на BalCannes.

Најдобрите 25 проекти на агенциите ќе бидат претставени на главната сцена на Викенд Медиа Фестивалот на 23. Септември во главен термин, односно во 16:45 минути. Овој пресек на регионалната маркетинг продукција е корисна можност сите професионалци за краток временски период да се соберат на едно место и да се запознаат со понудата на регионалните пазари на агенциите.

Организаторите на BalCannes, Хрватско Здружение за комуникација, (HURA) и Викенд Медиа Фестивал, се особено горди на големиот број на нови агенции кои оваа година се дел од BalCannes, чија што бројка изнесува дури 15 нови пријавени агенции. За сите оние кои не се во можност да присуствуваат во Ровињ, агенциските проекти ќе бидат достапни за разгледување во рамки на дигиталната изложба која ќе биде отворена по завршувањето на фестивалот, на BalCannes Yellow Pages сајтот: www.balcannes.com. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Ципрас: Промени во Европа поради кризата
Next Грција се согласува на прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.