Република Македонија во март ја посетиле 55.270 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција
May 12, 2025

Скопје/Охрид, 12. мај 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец март, Република Македонија ја посетиле вкупно 70.902 туристи, од кои 15.632 биле домашни, а 55.270 се странски туристи.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 132.015. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Германците 10.410, следуваат гостите од Турција 9.380, Франција 4.648 и Грција 4.504.

Во периодот јануари-март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 %, кај домашните туристи има намалување за 9.2 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.

Во периодот јануари-март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 9.1 % така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 21.7 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес