Република Македонија во јануари ја посетиле 31.502 странски туристи, најмногу од Турција, Србија и Грција
March 11, 2025

Скопје/Охрид, 11. март 2025 (ИНПРЕС) – Во месец јануари Република Македонија ја посетиле вкупно 49 870 туристи, од кои 18 368 биле домашни, а 31 502 се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 106 894. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците 8 510, следуваат гостите од Србија 3 107, од Грција 3 016, од Бугарија 2 241, од Албанија 2 239, од Косово 2 064 и Германија 1 005.

Вкупниот број на туристи во јануари 2025 во однос на јануари 2024 година е зголемен за 4,4%, а бројот на ноќевањата за 4,7%. Кај бројот на домашни туристи се бележи намалување за 4,9%, а кај странските зголемување за 10,8%. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес