Со манифестацијата „Ноќ спроти Илинден“ во Велгошти ќе биде одбележан големиот празник Илинден
July 28, 2025

Охрид, 28. јули 2025 (ИНПРЕС) – Културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“ е меѓу настаните со кои Општина Охрид ќе го одбележи големиот празник Илинден.

Ќе се одржи на 1-ви август пред спомен обележјето на илинденците во селото Велгошти, со почеток во 20:30 часот.

Во рамки на манифестацијата ќе биде изведена монодрамата „Македонија ќе роди нови борци – вие ќе живеете во срцата наши“, во изведба на познатиот македонски актер Роберт Ристов. Предвиден е и настап на фолк пејачката Елена Велеска, како и домаќинот КУД „Илинден“ од Велгошти.

На 2-ри август навршуваат 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива