Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Србија ги отвори летните тераси, трговските центри остануваат затворени

Србија ги отвори летните тераси, трговските центри остануваат затворени

Белград, 5. април 2021 (ИНПРЕС) –  Угостителите во Белград го поздравуваат олеснувањето на мерките, откако денеска беа отворени летните тераси на кафулињата.

Угостителите ги извадија масите и столовите, а обезбедија и ќебиња поради ниските утрински температури, пишува „Блиц“.

Граѓаните сакаа да го испијат првото утринско кафе во омиленото кафуле, па првите гости пристигнаа околу 8 часот.

Од утрово, во 6 часот стапија на сила нови олеснителни мерки против коронавирусот, со што на угостителите ќе им биде дозволено да работат на отворено до 22:00 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки.

Максимум пет лица можат да седат на иста маса, со задолжително растојание од два метра меѓу масите. Забрането е изведување на сценска музичка програма, односно музика во живо на летните тераси. Трговските центри остануваат затворени до ново известување, како и кафулињата и рестораните кои немаат отворен простор. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous Захариева: Сè уште не сме подготвени да ја одобриме рамката за преговори за Македонија
Next 18 Top Fall Fashion Trends from New York Fashion

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.