Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стојаноски: Хидрантска мрежа во Центарот за култура е комплетирана, санацијата на недостатоците е прикрај

Стојаноски: Хидрантска мрежа во Центарот за култура е комплетирана, санацијата на недостатоците е прикрај

1 min read
Стојаноски: Хидрантска мрежа во Центарот за култура е комплетирана, санацијата на недостатоците е прикрај

Охрид, 17. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Во завршна фаза е санацијата на утврдените недостатоци во Центарот за култура „Григор Прличев“ што се однесуваа на поставување громобран, апарат за брза детекција на пожари и хидрантската мрежа, изјави за Супер радио и InPress директорот Горан Стојаноски.

Потенцира дека хидрантска мрежа е веќе компелтирана, а периодов ќе се работи на инсталација на апарат за брза детекција на пожари.

– Работите се прикрај, хидрантот е готов, завршен, собрани се понуди за апаратот за детекција на пожар, да го пуштиме тендерот за некој ден и да почне да се инсталира. Громобранот е набавен треба да се монтира. Работите се во завршна фаза, но не зависи сѐ од нас, рече Стојаноски.

Во однос на целосно комплетирање на зафатите, Стојаноски се надева дека би завршиле до крај на месецов .

Од почетокот на мај во Центарот за култура времено е прекинато одржувањето на настани поради неисполнување на одредени технички услови и санирање на утврдени недостатоци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Обезбедени 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование
Next Детската претстава „Во царството на другарството“ во петок на сцената кај ТЦ „Амам“

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.