Скопје, 24. март 2025 (ИНПРЕС) – По сите направени испитувања, денес од клиниките во Скопје ќе бидат испишани 16 пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
На лекување во Скопје ќе останат уште 30 пациенти. Во меѓувреме се вршат подготовки за прием на пациенти што се лекуваат надвор од државата.
– Надвор од државата се лекуваат 115 пациенти, неделава очекуваме 8 да се примат на нашите клиники и по ден до два престој ќе бидат пуштени дома. Моментално се 4 покритични пациенти што се во странски клиники, да се надеваме дека ќе се подобрува состојбата. Се надевам дека половна од пациентите од странство ќе се вратат барем за две недели, вели Таравари.
Со оглед на тоа што сега веќе зборуваме за фаза на третман и рехабилитација на пациентите, за кој не се знае временски колку ќе трае, а со цел пациентите да не патуваат, тим пласитични хирурзи од Скопје ќе бидат во Кочани, а во болницата во Штип има 4 пластични хирурзи кои ќе ги опслужуваат пациентите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
