Теквондисти од МТТФ ќе учествуваат на Светскиот куп „Кинг од Таеквон-до“ во Солун
December 12, 2025

Охрид, 12. декември 2025 (ИНПРЕС) – Македонска Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ) викендов ќе учествува на Светскиот куп „Кинг од Таеквон-до“ во Солун, Грција.

Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат тројца натпреварувачи, предводени од националниот тренер Саша Поповски. Ќе учествуваат Владимир Димитриевиќ, Миа Танеска и Даниел Стојаноски, додека Христијана Парулеска ќе учествува како судија, поканета од страна на организаторот за нејзиниот професионализам.

– Во конкуренција од над 1400 натпреварувачи од 21 земја ширум светот се надеваме дека овие тројца натпреварувачи ќе не израдуваат со добар резултат. Да им посакаме среќа и успех, велат од МТТФ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива