Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Тротоари претворени во паркинзи, редовна слика низ охридските улици (Фото)

Тротоари претворени во паркинзи, редовна слика низ охридските улици (Фото)

1 min read
Тротоари претворени во паркинзи, редовна слика низ охридските улици (Фото)

Охрид, 23. јули 2025 (ИНПРЕС) – И во текот на цела година, но особено во текот на летната сезона излегува на површина сообраќајната (не)култура.

Со чест на исклучоците, но сообраќајната култура, етиката, толеранцијата во сообраќајот, сè уште не се на задоволително ниво.

Читатели на InPress до нашата редакција повторно испратија фотографии од возила и мотори паркирани на тротоар.

– Тротоарите се претворени во паркиралишта, не може да се помине, „посовесните“ ги паркираат возилата на дел од коловозот поткачени на тротоар, но со вклучени четири трепкачи, што како да ги амнестира од одговорност.
Често пати и мотори знаат да бидат оставени на тротоар, а сликата пред популарните скалички за „влез“ во чаршијата е приказна за себе, реагираат граѓаните.

Охрид е исполнет со гости, не очекува Илинденскиот викенд кога се очекува уште поголема посетеност. Сето ова во комбинација со бројните музички настани што нѐ очекуваат укажува дека ќе се изнагледаме окупирани тротоари, па и зелени површини.

Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот. Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен, но затоа секој од нас преку личен пример треба да придонесе за побезбеден сообраќај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Летните горештини и менталното здравје
Next Се санира фонтаната „Четирите рајски реки: Гион, Фисон, Тигар и Еуфрат“ кај плоштадот до „Мини Маркет“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.