Утревечер петто издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“
July 17, 2025

Охрид, 17. јули 2025 (ИНПРЕС) – Утревечер на плоштадчето „Вангел Наумоски“, до Мини маркет, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи петтото, јубилејно издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“.

– Ќе настапат околу 30 дечиња со свои песнички произведени во нашата креативна К-2 музичка работилница. Покрај К-2 ѕвездичките, специјални гости ќе ни бидат и малку поголемите ѕвезди Марама и Владимир Сарафилоски Броз со кои ќе ви промовираме нова заедничка песна „Пеј Охриде“, за нашиот најдраг Охрид. Посебен перформанс ќе има исклучителниот Никола Ристески, информираат организаторите.

Додаваат дека манифестацијата е во склоп на концептот Културата расте со децата „За сите деца“ на Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива