Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Утре хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

1 min read
Утре хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Охрид, 7. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Утре ќе се одржи петтиот хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“.

– После пет години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух сѐ уште се инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година, порачуваат организаторите.

Маршот ќе започне во 10:00 часот во близина на неговиот дом, кај спортското игралиште именувано во негова чест „Трајан Целески-Тачо“.

– Патеката започнува од населба Видобишта-Манастир Свети Никола, Велгошти и назад. Истата е умерена и е во должина од 10 километри во двата правци. Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг, додаваат организаторите.

Потсетуваат дека сите заинтересирани да понесат вода, храна како и топла облека, а малолетните лица ќе треба да се во придружба на возрасни. Секој учесник учествува на сопствена одговорност.

Доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини” вечерва во Ohrid Mall
Next Поради дефект прекин во водоснабдувањето во село Пештани

Слични вести

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.