Дебрца, 13. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Утре истекува рокот за пријавување на јубилејниот 50-ти традиционален Турнир во мал фудбал „Петровден“ што секоја година се одржува во селото Мешеишта.
Организаторите најавуваат врвно спортско доживување, со рекорден награден фонд од 500.000 денари. За прво место наградата е 300.000 денари, за второ 120.000, за трето 60.000 и за четврто место 20.000 денари.
Котизацијата за учество е 5.000 денари по екипа, а ждребувањето на групите ќе се одржи на 15-ти јуни.
извор: ИнПрес фото: архива
