October 21, 2016

Атина, 21. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата на Евопскиот совет рече дека Грција го носи целиот товар од бегалскиот проблем.

Тој ги повика земјите членки на ЕУ да покажат „ефикасна“ солидарност со Грција во решавањето на проблемот со бегалците.

Според грчки владини извори, на синоќешниот прв дел од дводневниот Самит на ЕУ, Грција барала да биде постигнат миграциски договор меѓу членките на Унијата. На средбата Ципрас исталнал дека од вкупно 66.000 бегалци кои треба да бидат префрлени од Грција во другите земји членки на ЕУ, досега се дислоцирани само 5.200. (Крај)

извор: BTA фото: архива