Атина, 2. декември 2016 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за договорот меѓу Европската унија и Турција.
Преговорите за кипарското прашање исто така биле тема на разговот меѓу двајцата лидери.
Ципрас ја истакна важноста од продолжувањето на договорот помеѓу блокот и Турција за бегалците. Тој исто така изрази загриженост во врска со изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговите министри за спорниот Лозански договор.
По прашањето за преговорите за Кипар, грчкиот премиер ја информирал Меркел дека неговата земја го поддржува продолжувањето на дијалогот. Ципрас исто така изразил подготвеност да се сретне со Ердоган, за да разговараат за најважните прашања за гаранциите. (Крај)
извор: To Vima фото: архива