Охрид, 1. јули 2025 (ИНПРЕС) – Четири бронзени медали и пофалница освои тимот од Република Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика, што деновиве се одржуваше во Охрид.
Бронзени медали освоија: Андреј Тасиќ – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Елена Јовановиќ – II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје, Андрија Младеновиќ – II година, ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје и
Даниел Христовски – II година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, додека пофалница доби Јаков Геговски – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје.

Водачи на тимот беа проф. Станиша Велковиќ – член на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и поранешен учесник на олимпијада по физика и Јан Стојановски – студент на Институтот за физика при УКИМ и поранешен олимпијец.
На 7. Балканска олимпијада по физика за средношколци учествуваа 62 млади физичари од вкупно 16 држави од Балканот и пошироко, a се одржуваше во просториите на Факултетот за туризам и угостителство.
Натпреварот се одржа во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија, под покровителство на Балканскиот сојуз на физика, со поддршка од Европското физичко друштво, Природно-математичкиот факултет во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дел од финансиските средства за организација на олимпијадата ги обезбеди Министерството за образование и наука, но и од донации направени преку платформата за собирање на средства на GoFundMe. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
