October 31, 2014

Анкара, 31. октомври 2014 (ИНПРЕС) – 15 лица загинаа, а 27 се повредени во автобуска несреќа која денес се случи во Турција.

– Возилото се превртело и паднало во провалија во јужната провинција Испарта денес наутро, јави турски „Хуриет“.

Автобусот превезувал група земјоделски работници, главно жени, кои работеле во градина за јаболка. Многу од повредените се во тешка состојба.

– Несреќата се случила најверојатно поради сопирачките на автобусот кои откажале. Возилото прво удрило во потпорниот ѕид, по што се превртело, јавува истиот извор.

Минатата недела загинаа 8 лица, кога автобус кој превезуваше ученици, се преврте во близина на западната провинција Ескишехир. Во друг инцидент минатиот месец 13 лица загинаа во Анталија, бидејќи возачот на автобусот заспа на воланот. (Крај)

извор: Хуриет фото: архива