September 9, 2015

Приштина, 9.септември 2015 (ИНПРЕС) – Косовската полиција уапси денеска двајца активисти на движењето Самоопределување, кои го гаѓаа со јајца и боја автомобилот на косовскиот премиер Иса Мустафа, јави Танјуг.

Инцидентот се случил околу осум часот изутрината, кога премиерот тргнувал на работа.

Самоопределување ја презеде одговорноста за инцидентот и објави на својата страница на Фејсбук: „Сакаме да му дадеме на знаење на премиерот Мустафа дека не може да и ги одземе функциите на косовската држава, со тоа што ќе го формира Сојузот на српските општини“.

Мустафа и министерот за надворешни работи Хашим Тачи минатиот месец потпишаа спогодба за формирање на Сојузот на српските општини на Косово.

Самоопределување ги обвини дека дозволиле формирање на држава во држава и со тоа извршиле национално предавство. (Крај)

извор:Танјуг фото:архива