Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 3. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Грчките земјоделци денеска го блокираат автопатот Атина – Солун 12 часа, кај долината Темпи, од 10 до 22 часот по локално време.
За време на утрешниот генерален штрајк, кој го свикаа двата најголеми синдикати, земјодлеците најверојатно ќе ги отстранат блокадите со цел граѓаните кои сакаат да протестираат непречено да патуваат. Сепак, конечната одлука ќе биде донесена утре.
Бугарските медиуми претходно јавија дека поради блокадите на земјоделците, на грчките гранични премини кон Бугарија и Турција вчера се формирале колони од стотици камиони. Околу 500 камиони го блокирале граничниот премин Промахон-Кулата, од каде минува голем дел од трговската размена меѓу Грција и останатиот дел од Европа. Од понеделникот е блокирано минувањето на камиони кон Турција преку граничниот премин Кипи, каде веќе е формирана колона од стотина камиони.
На другите грчки гранични премини со Бугарија, Турција и Македонија, засега, минувањето на камиони е забавено заради секојдневните блокади, што траат по неколку часа. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива
