Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Аеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкање

Аеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкање

1 min read

Велингтон, 22. октомври 2024 (ИНПРЕС) – Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.

– Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак.

Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава.

– Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff.

Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот.

Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“.

Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135,000 жители. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Повеќето Американци чувствуваат дека живеат полошо од пред четири години, според истражувањата
Next На поетот Славе Ѓорѓо Димоски утре ќе му биде врачена државната награда „23 Октомври“

Слични вести

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл
1 min read

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро
1 min read

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.