Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Акции за собирање текстилен отпад секој последен петок во месецот

Акции за собирање текстилен отпад секој последен петок во месецот

1 min read
Акции за собирање текстилен отпад секој последен петок во месецот

Охрид, 28. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Започнуваат месечните акции за собирање на текстилен отпад, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Планирано е да се спроведуваат секој последен петок од месецот.

– Овој петок ќе имате можност уредно да ја одложите старата облека во контејнерите на Тексомак, поставени на неколку локации: задниот двор на Ohrid Mall, дворовите на Гимназијата, СОСУ „Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како и во дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Ванчо Николески“ – Лескоец.

Одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Напомена: Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн, информираат од претпријатието.

Текстилниот отпад е еден од најбрзорастечките видови отпад денес, а само околу 12% од целиот текстилен отпад се рециклира. Облеката што ја носиме сè пократко најчесто завршува на депонии и ѓубриштата, наместо повторно да се користи. Таму, текстилот се распаѓа многу бавно (до 200 години за синтетичките материјали), при што ослободува метан, гас што придонесува за климатските промени, како и исцедок што ја загадува почвата и подземните води со токсични материи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Крводарителска акција во соработка со Шпаркасе Банка Охрид
Next Започнуваат уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.