Тирана, 12. април 2016 (ИНПРЕС) – Република Албанија е на прво место во производството на дрога во Европа, се вели во Извештајот на ЕУ за производство и шверц на дроги во Европа.
Нашиот сосед минатата година останала на прво место во производството на Канабис Сатива – марихуана.
Селото Лазарат е главната локација на производство на дрога, но изгледа не е само тоа село и има многу други места низ целата земја, се нагласува во Извештајот. Исто така и во последниот извештај на САД е наведено дека Албанија е главен производител на марихуана. (Крај)
извор: Локално фото: архива
