Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Албанија сруши 64 хотели и ресторани на брегот на Охридското Езеро

Албанија сруши 64 хотели и ресторани на брегот на Охридското Езеро

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Додека Албанија го чисти крајбрежјето околу Охридското Езеро од сите објекти од цврста градба кои во минатото биле изградени на самиот брег, во Охрид и Струга многу објекти од цврста градба никнаа последните години долж целото крајбрежје со издавањето на плажите под концесија на што регираа и граѓаните но и екологистите, пишува ТВ НОВА.

Албанската влада пред неколку дена презеде сеопфатни мерки за рушење на сите објекти без разлика дали истите имаа дозвола или беа без дозвола и соодветна документација.Сега делот од крајбрежјето личи на вистинска рушевина, бидејки за само неколку дена се срушени вкупно 64 објекти, ресторани, хотели и мотели. На сопствениците кои поседувале дозволи државата им платила надомест во висина на вредноста на самите објекти, а некои добиле и по 150 000 евра како надомест.

Инаку албанскиот дел од Охридското Езеро е пред номинација од УНЕСКОда добие статус на светски со закон заштитено природно подрачје, па многумина ова го поврзуваат токму со потребата да се исполнат одредени критериуми за добивање на еден таков статус.

Аријан Мероли, поранешен претставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро рече дека ова е само прва фаза од рушење на сите објекти околу езерото.

-Албанската страна почнува да превзема мерки за крајбрежјето.Ова е само првата фаза од Лин до Подградец.Потоа ќе има друга фаза од Подградец до Тушемишта.Албанската влада за оваа фаза плати околу 6 милиони евра за овој простор и објектите како хотели или ресторани.Неколку ресторани имаа уредна документација кои беа регуларни, но Владата плати се и ги сруши, рече Мероли.

Мероли тврди дека не станува збор за директно барање од страна на УНЕСКО.

-Директно барање од УНЕСКО не е ама кога УНЕСКО бара да преземеме мерки да го заштитиме квалитетот на водата во езерото, ендемичната флора и фауна ова секако бара вакви мерки, вели Мероли. (Крај)

Извор: НОВА ТВ  фото: НОВА ТВ

Post navigation

Previous Договор Сириза и Независни Грци – Прашањето со Македонија го ставаме во мирување
Next Повредени 80 лица при судирите на полицијата и демонстрантите во Косово

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.