Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

1 min read

Тирана, 21. ноември 2024 (ИНПРЕС) – По крвавиот настан во кој во Тирана со нож беше усмртено 14-годшно момче од негов врсник и растот на врсничкото насилство, албанската влада денеска најави ограничувања во користењето на социјалните мрежи од страна на малолетници или целосна забрана на Тик-ток или Снепчет.

– Три дена и возрасни и деца се шокирани од убиството на 14-годишниот ученик. Целата динамика на трагедијата ја истакнува трајната закана со која живеат сите семејства кои воспитуваат деца во денешниот свет, каде што социјалните мрежи, а особено Тик-ток или Снапчет, секојдневно ги внесуваат нашите деца во нивните лавиринти од најмала возраст, рече албанскиот премиер Еди Рама.

На прес-конференцијата по владиниот состанок, Рама додаде дека гарантирањето на безбедноста на децата е приоритет над приоритетите, „но вистинските одговори не се толку едноставни во овие предизвикувачки услови“.

– Нашата дилема како влада е дали и ние треба да се обидеме да одиме во насока на поставување филтри, а всушност од сите досегашни искуства во Европа или пошироко дознаваме дека нивната ефикасност е сè уште многу ниска,
нагласи тој.

Во меѓувреме, како што додаде Рама, врсничкото насилство и случаи на малтретирање во онлајн светот на деца и тинејџери само се зголемуваат.

– Размислуваме да преземеме драстична мерка за целосно затворање на Тик-ток и зошто да не и Снепчет на територијата на Република Албанија. Решивме ова да го ставиме на широка расправа во сите родителски заедници каде што сите училишта ќе бидат ангажирани под раководство на Министерството за образование да донесат одлука, што е можно подемократска, за ваков голем и комплексен проблем по содржина и сопствено решение,
рече албанскиот премиер.

Во Албанија неколку години во сила е одлуката за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

Post navigation

Previous Уапсени 11 лица за трагедијата во Нови Сад, приведен и министерот за инфраструктура Горан Весиќ
Next 29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.