Тирана, 5. јули 2015 (ИНПРЕС) – Полицијата во Албанија трага по убијците на двајцата чешки туристи.
Полицијата нуди награда од 30 илјади евра за информација која ќе ја доведе до сторителите на грозоморниот чин. Се апелира на соработка со локалното население.
Чешките туристи Мишел Сватос (27) и Ана Косинова (36), кои кампувале во селото Прекал, кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери, беа убиени и ограбени на излезот од селото на пат за Скадар, а возилото со нивните тела турнато во провалија. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива
