Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Подгорица, 10. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Митрополитот Амфилохие се надева дека заменик-премиерор на Косово и Метохија, Хашим Тачи, доаѓа во посета на Црна Гора за да извести дека ќе се вратат териториите кои им припаѓаат на раселените лица од Косово.
Амфилохие коментираше за претстојната посета на Тачи на Црна Гора во текот на академијата што се одржа по повод 99 години од Мојковачката битка.
Тој рече дека владата на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ со признавањето на Косово “се откажала од народот кој е нераскинливо поврзан со историјата и традицијата на Метохија”, пренесува весникот „Дан“.
Заменик-премиерот че биде во посета на Црна Гора на 15 и 16 јануари и ќе разговара со високи официјални претставници на државата.
Здружението на раселените лица и бегалците од Косово, најави протест во Подгорица за време на доаѓањето на косовските власти во Црна Гора. (Крај)
извор: Бета фото: Танјуг
