Загреб, 26. септември 2015 (ИНПРЕС) – Хрватските власти објавија дека во реонот на Дубровник започнала изградба на привремени бегалски кампови, кои ќе можат да прифатат меѓу 3 000 и 5 000 луѓе.
Новата “Јужна рута” повторно ќе тргнува од Грција, но овој пат ќе поминува преку Албанија, Црна Гора и ќе достигнува до Хрватска.
– Добивме информации дека бегалците дискутираат за можноста за затворањето на границата со Унгарија и тензиите на границата меѓу Хрватска и Србија, се вели во соопштението на регионалната управа во Дубровник. Загребскиот весник “Јутарњи лист” пишува дека “Јужниот пат” ќе минува низ Албанија, Црна Гора и Хрватска, а бегалците ќе ги користат граничните премини – Виталиј, Горни Боргат и Ново Село. Како најзгодно место за усвојување на бегалци е избран полуостровот Превлака, каде ја има потребната инфраструктура и опрема, се вели уште во соопштението на регионалната управа во Дубровник.
Подготовките веќе започнаа, бидејќи таму се очекуваат да пристигнат и првите мигранти по море. Неофицијално се споменува и најоддалечениот населен хрватски остров Ластово, каде има напуштена стара воена база.
Ластово може да се претвори во хрватската Лампедуза, се вели во анализата на експертите. (Крај)
извор: БГНЕС фото: архива