Охрид, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – До крај на неделава се очекува да бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот.
Директорот на ЈП „Билјанини извори“ Теодор Андоновски за Супер радио и InPress вели дека го очекуваат сообраќајното решение, што треба да го добијат денес или утре по што системот ќе биде ставен во функција.
Рампите се веќе поставени, а од минатата недела започна и издавањето картички. Андоновски вели дека досега се поделени 800 картички и тоа 650 за резиденти и 150 за дотур на роба и посетители.
Жители од Месокастро и Варош реагираа на одлката за напалата на картичките, по што Општина Охрид одлучи да го субвенционира износот за добивање на картичка за влез во Стариот дел на Охрид.
Поставувањето на рампите е направено по барање на УНЕСКО, за да се ограничи движењето во стариот дел на Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес