Атина, 26. април 2015 (ИНПРЕС) – Повеќе од 70 % од Грците сакаат договор со доверителите од ЕУ и ММФ и сметаат дека постои реална опасност нивната земја да излезе од еврозоната поради застојот во преговорите.
Ова го покажуваат реазултатите од анкетата чии резултати се објавени денеска во весникот „Вима“.
На прашањето: „Кое е најдоброто решение за земјата“, 71,9 % од анкетираните одговориле дека тоа е „договор со доверителите“. Со спротивно мислење се 23,2 %, кои сакаат земјата „да прекине со Европа“, а 4,9 % немаат мислење.
Грците генерално го поддржуваат еврото, и покрај противењето против „затегнувањето на ременот“. Ова се потврдува и од анкетата: 72,9 % се изјасниле за останување на еврото, наспроти 20,3 % кои сакаат враќање на драхмата.
Според 68,8 % од граѓаните постои реална опасност земјата да отпадне од зоната на еврото, додека 21,1 % веруваат дека таков ризик не постои.
Владата на радикалната левица СИРИЗА, која е на власт од крајот на јануари, продолжува да се ужива голема популарност, но само половина од анкетираните – 50,2 % ја поддржуваат политиката на партијата во врска со преговорите со меѓународните кредитори. (Крај)
извор: АФП фото: архива







