Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Апел за помош на младиот Леонид

Апел за помош на младиот Леонид

1 min read

Скопје, 19. август 2023 (ИНПРЕС) – Леонид е талентиран млад човек, со неверојатни спортски и интелектуални способности. Со својот тим, тој го освои првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.

Тој е момче со само 18 години и срце полно со ентузијазам и желба за знаење. Неговите компјутерски вештини и научни истражувања се вистинска инспирација за сите негови врсници.

– За жал, во моментов тој е соочен со најголемата животна битка. По несреќниот случај што му се случи пред неполн месец додека беше на летување во Калитеа, сега се наоѓа на одделот за интензивна нега во болница во Солун. Неговата состојба е критична. Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства. Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра. Секоја мала или голема донација значи. Ова е борба за неговото оздравување, како и за враќање на можноста да го следи својот пат, своите мечти и амбиции. Лео секогаш со гордост кажуваше дека е од неговата Македонија. Време е сите ние да ја оправдаме онаа големина која тој знаеше дека ја носиме во себе. „Свети Спас“, како организација која секогаш ја предводи битката за хуманост и шанса за подобар живот и овој пат ќе направи се што е во рамки на своите можности за оваа борба да има позитивен исход. Апелираме и до вас, до сите кои можете и сакате да бидете дел од битката на Лео. Отворете ги срцата и и придружете се на оваа хуманитарна акција, порачуваат организаторите на акцијата за собирање помош.

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):

А1: 143 500
Телеком: 143 118
Или преку сметка:
Од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ БАНКА
Од странство: IBAN: MK07210501567799991
SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Изложба на скулптури на Слободен Милошески во Окенхајм, Германија
Next Расчитена уште една дива депонија, овојпат во Љубаништа

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.