Белград, 30. јули 2015 (ИНПРЕС) – Осум лица се уапсени во Заечар за нелегално пренесување на илегални мигранти, пренесе српското електронско издание Akter.
Уапсените се жители на Заечар и се обвинети дека превезувале 25 лица, државјани на Ирак. Според полицијата, мигрантите илегално поминале границата меѓу Бугарија и Србија. Групата била приведена на патот Зајечар-Параќин. (Крај)
извор: Akter фото: архива
