Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 1. март 2015 (ИНПРЕС) – Грчката влада побара од Русија да го укине ембаргото за грчко овошје, кое Москва го воведе минатото лето, како контрамерка на санкциите против Москва од страна на ЕУ.
Ако Русија одговори позитивно на грчкото барање и ембаргото биде укинато, тогаш руските пазари повторно ќе бидат достапни за грчките портокали, јагоди и праски.
Прашањето за ембаргото ќе биде меѓу главните теми на средбата на грчкиот заменик-министер за економија, Панајотис Сгуридис со претставникот на руското Министерство за економија Алексеј Алексеиенко. Двајцата ќе разговараат во Солун за време на Меѓународниот саем за храна.
Алексеиенко вети дека ќе испрати писмо до рускиот премиер Дмитриј Медведев со барањата на властите во Атина. (Крај)
извор: РИА Новости фото: архива
