Атина, 20. октомври 2015 (ИНПРЕС) – “Не можам да најдам зборови за да ја опишам трагедијата, која наместо да се намалува, расте пред нашите очи“, со овие зборови Атинскиот Архиепископ Јероним се сврте кон религиозните лидери, кои пристигнаа во Атина за состанок за кризата на Блискиот Исток и миграцискиот бран кон Европа.
– Како религиозен водач преземам одговорност и сакам прошка лично за секој загинат човек – било дете или возрасен. Како духовен пастир, како член на “цивилизирана” Европа, се надевам за толку многу луѓе кои се пратени во бескрајна тага, рече свештеникот.
Поглаварот на Грчката црква зборуваше за обидите на Европската унија да најде решение за проблемот и ги повика да сторат сé што е можно “за подобра иднина на овие луѓе”. (Крај)
извор: novinite фото: архива







